20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Германија ја натера Кина да го отвори финансискиот сектор

Германија и Кина се обидуваат да најдат начин да го подобрат пристапот до пазарите на нивните банки и осигурителни компании, изјави германскиот министер за финансии, кој ги пофали плановите на Кина и САД за намалување на тензиите преку билатерални разговори.

Двете земји сакаат да прикажат дека светот останува мултилатерален и дека сите земји се обидуваат да соработуваат меѓу себе, изјави Олаф Шолц, кој е во дводневна посета на Пекинг.

Се очекува земјите да потпишат договори за зголемување на соработката во полето на финансиските услуги. Овие договори се дел од напорите на Шолц да ја убеди Кина дека отворањето на економијата кон светот е во нејзин најдобар интерес.