19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Владата манипулира, ќе се вработуваат Албанци во институциите

Владата манипулира со граѓаните. Портпаролот на владата јасно кажа дека обврската за вработување Албанци важи за сите институции и дека тие што нема да го почитуваат оваа правило ќе бидат казнети, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ по владиното соопштение.

„Владата не може да манипулира со граѓаните, постои видеоматеријал од кој јасно се слуша како портпаролот на владата објаснува што и како се предвидува согласно со Законот за двојазичност. СДСМ спроведе целосна двојазичност и тоа е во целосна спротивност со уставот на државата, тоа го нотираше како претседателот на државата, така и голем број еминентни правници. Законот за двојазичност е донесен без поширока јавна консултација и без почитување на волјата на граѓаните“, вели ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Опозицијата додава дека двојазичноста не ја придвижува државата кон ЕУ, ниту го зголемува стандардот на граѓаните. Двојазичноста, смета ВМРО-ДПМНЕ, само создава поделби и го руши единствениот кохезивен елемент во македонското општество – македонскиот јазик.

Спонзорирано: