5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАКУЛТУРА

Адеми ги поздрави дипломците од Македонија што студираа во Турција

Министерот за култура, Асаф Адеми, синоќа присуствуваше на свечениот собир на дипломираните студенти од Република Македонија, кои својата стручна наобразба ја стекнаа на универзитетите во Република Турција.

Во своето поздравно обраќање министерот Адеми го изрази задоволството од досегашната соработка меѓу Македонија и Турција, која се одвива во духот на пријателството и традицијата, со постојани заложби за нејзино унапредување, а го истакна и значењето на поддршката во образовниот процес за нашите дипломци, кои со поддршка на Претседателството на Турците и роднинските заедници во странство се едуцираа на ценетите универзитетите во Република Турција.

Тој истакна дека во рамките на оваа соработка некои од дипломците се веќе квалитетни и стручни високообразовни луѓе, кои со своите функции и знаење даваат значаен придонес во зацврстувањето на врските меѓу двете пријателски земји.

На свеченоста, што беше во организација на Претседателството на Турците и роднинските заедници во странство, ѝ претходеше средба во Министерството за култура на министерот Адеми со турската амбасадорка Тулин Еркал, претседателот на ЈТБ, Абдулах Ерен, како и професори од повеќе реномирани универзитети од Турција.