10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

МВР објави меѓународна потерница за избеганиот напаѓач на Села

Министерството за внатрешни работи на својата веб-страница ја објави меѓународната потерница за Никола Војминовски, кој го нападнал пратеникот Зијадин Села на 27 април. Војминовски е осуден на 13 години затвор и се товари за обид за убиство, но судот одлучи тој да биде во куќен притвор сè до правосилност на пресудата.

Бегството на Војминовски го потврди кривичниот суд, од каде што соопштија дека тој не бил дома при рутинската контрола на МВР. Пресудата за него беше донесена во јули минатата година.

Војминовски беше и сведок за случајот на 27 април, а во судницата тврдеше дека слушнал како тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, зборувал дека треба да се отворат собраниските врати.