20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мицевски лут на Дескоска: Поднесуваме амандмани, а Вие веднаш велите дека блокираме

Денеска, на дневен ред имаме важен реформски закон, кој за две недели трипати го ставате и повлекувате, рече координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, за време на седницата во Собранието, на која на дневен ред е предлог-законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Мицевски ја праша министерката за правда, Рената Дескоска, зошто вели дека опозицијата блокира со поднесување на амандманите, а образложи и зошто ВМРО-ДПМНЕ реагира во однос на процедурата.

„Зошто за закон за кој има согласност од сите партии имаме поднесено квалитетни амаднамнски решенија, разговарано е меѓу пратениците, доаѓаме во ситуација Вие како министер упорно да барате да детектирате дека некој ја кочи реформата. Не кочиме, туку реагираме за процедурата, на ставњето ЕУ-знаменце. Сите забелешки се во насока на подобрување на законот. Доволно беа напаѓања, дајте да учествуваме“, порача Мицевски.

Координаторот заклучи дека опозицијата реагира според Деловникот, а поднесувањето амандмани, како што истакна, не е блокирање.

Претходно, министерката Рената Дескоска изјави дека Владата го пуштила законот порано, меѓутоа бил блокиран со амандмани. Таа истакна дека антикорупциската комисија треба да биде избрана до изборите за да се следи финансирањето на политичките кампањи.

Спонзорирано: