12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полските пратеници му оддадоа почит на убиениот градоначалник

Полските пратеници денеска му оддадоа почит на убиениот градоначалник на Гдањск, Павел Адамович.

Градоначалникот на Гдањск во неделата беше избоден со нож на добротворен настан. По нападот, тој беше пренесен во болница, каде што дежурниот лекар Јержи Карпински ја оцени неговата состојба како многу сериозна и беше подложен на операција, објави полската новинска агенција ПАП, но тој им подлегна на повредите во болницата.

Погребот на градоначалникот ќе биде в сабота, и тој ден претседателот Анджеј Дуда го прогласи за ден на жалост во Полска.