6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Џафери: Не чувствувам одговорност, постапив во согласност со надлежностите

Вчера, во својство на претседател на Собранието, во согласност со моите надлежности, потпишав два указа и ги испратив во „Службен весник“ врз основа на членовите 52 и 75, со обајснување зошто указот е потпишан само од моја страна, рече претседателот на парламентот, Талат Џафери.

Појасни дека првиот е за законот за јазиците, а вториот за ратификација на договорот со Грција.

Џафери во обраќањето повтори дека постапил во согласност со Уставот и законот и не чувствува одговорност.

„Не чувствувам одговорност, сум презел сѐ во рамките на мојата надлежност, му дадов доволно време на претседателот за двата указа, но тој не ја исполни уставаната обврска и јас презедов сѐ во рамките на мојата интитуционална надлежност. Според процедурите, Иванов не го почитува Уставот и со тоа непочитување прави злоутреба на службената положба“, рече Џафери по обвинувањата на опозицијата дека е кривично дело објавувањето на законите во „Службен весник“, без потпис на претседателот на државата.

Во однос на обвинувањата од претседателот на Иванов на сметка на Џафери и предупредувањата за кривично гонење, собранискиот спикер рече дека шефот на државата ги измешал лонците.

„Се чини дека претседателот Ѓорге Иванов на крајот на мандатот ги помешал лонците. Не е тој оној што треба да поведе постапка против законодавната власт, туку законодавната е таа што треба има можност да поведува постапки за одговорност за претседателот на државата“, рече Џафери.

Претседателот на Собранието го чуваше указот за законот на јазиците во фиока повеќе од десет месеци. Со објавувањето во „Службен весник“ законот денеска стапува во сила, а инстиуциите имаат рок од шест месеци да го имплементираат.

Од денеска, покрај македонскиот, во институциите службен јазик е и албанскиот, кој ќе се применува во комуникацијата, употребата и примената во сите постапки на граѓаните пред сите органи што ја сочинуваат државната власт. Законот ги обврзува судовите, јавните обвинителства, како и сите други органи, тела и други институции да овозможат користење, употреба и примена на кој било од службените јазици и нивните писма во своите постапки.

(Makfax)

Спонзорирано: