19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Србин настрада во снежното невреме во Австрија

Во снежното невреме во Австрија бројот на загинати постојано расте, а денеска власитите потврдија уште еден случај за еден српски државјанин.

Станува збор за 47-годишен Србин, кој, како што пренесуваат српските медиуми, починал кога голема маса снег ги потрупала него и уште тројца негови колеги што стоеле на покрив од куќа во Салцбург.
Постојаните снежни врнежи се наталожени на покривите од куќите и претставуваат закана за нивно оштетување и од таа причина локалните власти наредиле редовно чистење на снегот од покривите во погодените области сè со цел да не се создадат дополнителни штети.

47-годишниот маж, кој работел во градежна фирма, заедно со своите колеги, требало да го исчисти снегот од покривот на куќата, но врз куќата паднала огромна количина снег, а работниците од јачината на ударот паднале од покривот, кој бил висок околу шест метри.

Минувачите и соседите веднаш почнале да копаат во снегот за да ги спасат работниците по што бил повикан и Црвениот крст, кој дошол на местото на несреќата заедно со итната помош и тим за кризни ситуации и 20 пожарникари.

Во несреќата почина српскиот државјанин, двајца негови колеги добиле полесни повреди, а еден од нив не бил повреден воопшто.

Во моментот повеќе од 1.100 војници учествуваат во расчистувањето на снежните наноси во земјата. Пред неколку дена лавина се сруши врз куќа во близина на шумскиот пат во австрискиот Форарлберг. Шумскиот пат е затрупан, но изгледа куќата не е оштетена. За среќа, никој не е повреден.

Снежните врнежи парализираа делови од Европа во изминатите неколку дена, а снегот продолжува да предизвикува големи проблеми за граѓаните на Германија, Австрија, Шведска и на Швајцарија.

Спонзорирано: