12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

По убиството на Адамович, упатени закани и кон Доналд Туск

По убиството на градоначалникот на Гдањск во неделата, полската полиција продолжи со апсења поради закани што се шират преку интернет.

Градоначалникот на Гдањск, Павел Адамович, во неделата беше избоден со нож на добротворен настан. Градоначалникот веднаш по нападот, на кој беше прободен со нож во срцето, беше пренесен во болница, каде што дежурниот лекар Јержи Карпински ја оцени неговата состојба како многу сериозна и беше подложен на операција, објави полската новинска агенција ПАП, но тој им подлегна на повредите во болницата.

Погребот на градоначалникот ќе биде в сабота и тој ден претседателот Анджеј Дуда го прогласи за ден на жалост во Полска.

Откако вчера на социјалните мрежи се проширија закани за нови убиства кон опозициските лидери, денеска е упасено уште едно лице што се заканувало за животот на поранешниот полски премиер, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

„Маж двапати се јавил на 112 и на вработената во кол-центарот ѝ рекол дека Адамович починал, ќе умре и Туск“, пренесува полската национална радиостаница во Гдањск.