22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

По убиството на полскиот градоначалник, повици за нови убиства

По убиството на градоначалникот на Гдањск, Павел Адамович, полицијата уапсила три лица зашто на социјалните мрежи повикувале на нови убиства.

Министерот Јоахим Бруџински изјавил дека се работи за „интернет тролови“ и „неурамнотежени“ лица. Не е познато за чие убиство повикувале, пренесе АП.

Адамович беше либерален градоначалник, избран дури шест пати. Почина еден ден откако со нож го нападна поранешен осуденик.

Напаѓачот го избоде со нож Адамович на бината за време на голем хуманитарен собир, по што извикал дека со тоа ѝ се одмаздува на поранешната владејачка партија зашто, како што рекол, невин бил во затвор.