22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Девојче од БиХ почина од сепса предизвикана од сипаници

Деветгодишно девојче од Читлук во Босна и Херцеговина починала во неделата во болница во Задар, откако настанале компликации за време на итен превоз за Загреб, пренесуваат хрватските медиуми.

Девојчето било примено во саботата во Универзитетската клиничка болница во Мостар во многу тешка состојба на сепса, која била предизвикана од сипаници (варичела) и бактериска суперинфекција, пренесе Индекс.хр.

Според соопштението на Универзитетската клиничка болница во Мостар, отстрането е сомневањето за неадекватен лекарски третман.

Како што објаснуваат докторите, најверојатна причина за смртта на девојчето се сипаниците кои биле искомплицирани од бактериска суперинфекција на кожата и меки честици.

Докторите веднаш започнале со антибиотска терапија, но набрзо следело изразено влошување на дишењето, поради што со возило на брза помош се обиделе девојчето да го пренесат во Клиниката за инфективни болести.