22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсен германски војник кој шпионирал за Иран

Припадник на германските вооружени сили со потекло од Авганистан е уапсен денеска поради обвиненија дека со години шпионирал за иранска тајна служба, соопшти Сојузното државно обвинителство во Карлсруе.

„Педесетогодишен припадник на Бундесвер, Абдул Хамид С. Се сомничи дека во својство на вештак за јазици и останати прашања врзани за Авганистан во германските вооружени сили, на иранската тајна служба ѝ испраќал податоци“ се наведува во соопштението на обвинителството во чија надлежност се случаите за загрозување на државната безбедност во што спаѓа тероризам и шпионажа.

„Шпигел он лајн“ пренесува дека осомничениот со години на тајната иранска служба ѝ доставувал чувствителни податоци за движење и бројност на германските сили во Авганистан.

Тој е германски војник во рамки на подготовките за заминување во Авганистан, подучувал јазично, како и прашања за локалните обичаи и култура.