6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Му го украле автомобилот додека пазарувал во маркет на „Рузвелтова“

На скопјанец му го украле автомобилот додека пазарувал во маркет на улицата Рузвелтова во Скопје.

Според информациите од МВР, вчера во 22 часот во Полициската станица Центар, Д.Г. (40) од Скопје пријавил дека истиот ден во периодот од 20.30 до 20.35 часот пред маркет на улицата Рузвелтова непознат сторител украл автомобил „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Б. од Скопје.

Според пријавата, сопственикот на возилото го оставил автомобилот да работи и влегол во маркетот, а непознато лице влегло во незаклученото возило и избегало. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и за целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: