19.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Северна Македонија: Ова е рокот до кога треба да бидат сменети сите лични документи

Доколку се помине добро и во Грчкиот парламент и започне имплементацијата на Преспанскиот договор, Македонските граѓани имаат долг рок за промена на личните документи, што всушност значи дека сето тоа ќе биде комплетно неосетно за нивниот џеб.

Според рокот во кој ќе треба да ги смениме личните документи поради новото име на земјата, која со уставните измени покрај името Македонија, ја доби и географската одредница Северна, што значи дека во иднина нашата земја официјално ќе се именува како Република Северна Македонија наместо Бивша Југословенска Република Македонија.

За пет години или најдоцна до 2024 година личните документи на граѓаните ќе го носат новото име.

Новите лични карти и пасоши ќе треба да си ги платат граѓаните, но тоа најверојатно нема ни да го почуствуваат поради долгиот рок, што значи дека тие во секој случај би требало да ги обноват своите документи. Истото се однесува и за новите ознаки на регистарските таблички на нивните возила, најдоцна во рок од пет години откако ќе биде ратификуван договорот за името во Парламентот во Грција.

Со амандманот на БЕСА освен државјанството кое ќе биде македонско ќе стои и етничката припадност на граѓаните од малцинските заедници.

Одлуките за уставните измени и за имплементацијата на Договорот од Преспа и за измените во Уставот, се веќе објавени во Службен весник.

Ова значи дека тие веќе стапуваат на сила.

Инаку Македонија го заддржува кодот МК и МКД, како официјален меѓународен код за именување во сите сектори, особено е најважно што и интернет домејните остануваат со .мк. Истовремено граѓаните на Република Македонија кои се од Македонска националност, за прв пат се меѓународно признати како МАКЕДОНЦИ, кои зборуваат Македонски јазик и имаат Македонска историја. Сето ова го признава и Грција.