23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ова е село во кое сите жени и девојки мораат да бидат проститутки

“Оценено е дека има околу 100.000 жени и девојчиња во ваквата ситуација, но многу се и оние кои не ги идентификувавме. Ова е невидлив проблем,” вели Ашиф Шаик, член на организацијата која работи со најниските кастери во Индија.

Село Сагар Грам во Индија е уникатно не само заради тоа што повеќе девојчиња се раѓаат отколку момчиња, туку и поради тоа што во ова село стануваат наследници на семејството. Се случува и на 11 години, да почнат да се занимаваат со проституција и да го поддржуваат своето семејство финансиски.

Индија официјално ја отфрли традицијата наречена касте скоро 70 години, но тешко е да се искорени традицијата цела цела милениум. За повеќето Индијци, кастата сè уште влијае на тоа со кого ќе се венчаат или што ќе јадат.

Во кастинскиот систем денеска се заробени милион луѓе кои се експлоатираат. Животот на децата во Сагар Граму, но и во десетина други индиски села, е најстрашен доказ за тоа, пишува угледниот Гардијан.

“Тоа се касти и робство”, вели Ашиф Шаик, член на организацијата која работи со најниски кассти во Индија, заедници кои некогаш биле нарекувани “невидливи”.

“Оценено е дека има околу 100.000 жени и девојчиња во оваа ситуација, но многу и оние кои не ги идентификувавме. Ова е невидлив проблем”, вели тој.

Лина (22) рекла дека почнала да работи на 15 години, бидејќи нејзината фамилија имала парични проблеми.

“Сите други девојки во село работеа, и тогаш почувствував дека јас треба да работам”, рече Лина.

“Тоа беше моја одговорност.”

Сексот, сепак,на потеток беше мистерија за Лина.

“Кога бев помала, најважната работа ми беше да видам колку пари клиентот нуди” рече таа. “Јас не разбирав што работев, само собирав пари”.

За првата ноќ заработила 5.000 рупии. Цената после и паднала. Друга жена (29) пак вели дека најмногу за еден состанок може да добие 200 рупии. Таа дневно има средби со пет или шест мажи.

Спонзорирано: