21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Нов закон во Србија:Возиш, а детето ти е во скут – 30 дена затвор

Стартуваат уште построгите сообраќајни правила во Србија.

Па така сега ако возачите кои управуваат моторни возила на српските патишта доколку возат возат во скут, што е обичај на нашиве простори, не само што ќе мора да платат меѓу 100.000 и 120.000 динари, туку може и да оди во затвор од 15 до 30 дена.

Слична е казната и доколку детето е во скут на совозачот, каде паричната казна е меѓу 20 и 40 илјади динари.

Новите законски измени кои ќе се применуваат од 1-ви април 2019-та година налагаат и дека возачите нема да смеат имаат испиено ниту капка алкохол, а границите се намалени од 0.3 на 0.2 промили (во Македонија е 0.5)

Доколку се надмине овааа граница казната изнесува 10.000-120.000 динари или затвор од 30 до 60 дена или општествено-корисна работа од 240 до 360 часа и 14 до 16 казнени поени и девет месеци забрана за управување со возило.

Истата казна е и за претекнување колона преку полна линија и за две или повеќе минувања на црвено за помалку од 10 минути. Казната за некористење појас е 10.000 динари, а толку е и за користење телефон во текот на возењето.

Претекнувањето бавни возила: велосипеди, трактори, машини, мотокултиватори и запрежни коли преку полна линија повеќе не се смета за прекршок, што всушност го бараше и заедницата.

Слични барања има и од македонските граѓани, со оглед дека живееме во држава каде една од главните гранки е земјоделието, па така голем број на земјоделски машини се наоѓаат на нашите коловози.

Спонзорирано: