8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Драма на Банско – Спасувачка акција, спасени се 5 македонски сноубордисти

На планината Пирин во Банско, Бугарија заврши спасувачката акција по петмината македонски скијачи кои скијале надвор од обележани патеки и пропаднале во дол, објави бугарската агенција БГНЕС.

Според агенцијата десет спасувачи веднаш по добиениот сингал за помош се упатиле кон местото и ја започнале акцијата за извлекување на петтемина Македонци.

Сите петмина, како што јавиле спасувачите, се во добра состојба и не се во опасност. Спасувачките екипи инфомирале дека веднаш било лоцирано каде се наоѓаат и тие се извлечени.