6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Укината забраната за камиони на планинскиот премин Буково и Ѓавато

Сообраќајот на државните патишта и натаму се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“, информираат од АМСМ и додаваат дека врнежите на снег со променлив интензитет продолжуваат на целата територија на Македонија, а исто така поради ниските температури можна е и појава на голомразица.

Од Авто мото-сојузот на Македонија посочуваат дека на одредени патни правци во држава е укината забраната за движење на тешки товарни возила.

„Од 08 часот и 55 минути се укинуваат забраните за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци Охрид – Ресен преку планинскиот премин Буково и Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато“, се вели во соопштението на АМСМ.

Забрана за движење на тешки товарни возила и натаму има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, патот Прилеп-Македонски Брод на планинскиот премин Барбарос како и на патниот праевец Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Спонзорирано: