7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ким Џонг-ун вети дека следниот состанок со Трамп ќе даде резултати

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, вети дека неговиот втор самит со американскиот претседател, Доналд Трамп, ќе доведе до „резултати” кои ќе ги исполнат очекувањата на меѓународната заедница.

Новинската агенција Ксинхуа објави дека водачот на Северна Кореја ваквото ветување го дал за време на посетата на Пекинг. Кинескиот претседател, Си Џинпинг, ги повика Северна Кореја и САД да направат чекор едни спрема други.

Тој додаде дека се пружа ретка историска можност за политичко решавање на ситуацијата на Корејскиот Полуостров, пренесува новинската агенција.

Севернокорејскиот водач беше во дводневна посета на Кина, што претставува четврта посета за една година.