3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Со демократите губам време; Демократите: Тој си замина гневен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека го напуштил состанокот со демократите за финансирање на ѕидот на границата со Мексико бидејќи тоа било целосно губење на времето, додека демократите тврдат дека Трамп излегол гневен од состанокот.

Трамп вчера во Белата куќа се состана со конгресните лидери меѓу кои и двајца високи демократски функционери – претседателот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, и лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, во врска со 19-дневната блокада на работата на владата која ја предизвика барањето на Трамп од 5,7 милијарди долари за изградба на ѕидот со Мексико.

„Се прашувам што ќе се случи за 30 дена ако брзо ги одблокирам работите, ќе сакате ли да го усвоите законот за погранична безбедност кој подразбира ѕид или челична ограда. Ненси одговори ‘Не’. Ѝ реков, тогаш пријатно, ништо друго не доаѓа предвид“, напиша Трамп на „Твитер“.

Шумер пред новинарите вели дека Трамп излегол од просторијата кога Пелоси го одбила неговото барање за ѕидот.

„Повторно видовме манифестација на гнев бидејќи не успеа во неговата замисла“, заклучи Шумер.

Спонзорирано: