10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Отворена првата куќа за родители чии деца се на подолг престој во болница

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска ја отвори „Родителската куќа“, која е наменета за родители кои не се од Скопје, а чии деца се на подолг престој во болница.

„Среќен сум што со ‘Родителската куќа’ ќе им помогнеме на родителите што не се од Скопје, да имаат топол привремен дом за да можат да им бидат најголема поддршка на своите деца кои се на подолг престој во болница и се борат со канцер на хемато-онколошкото одделение. Нема да дозволам повеќе родителите да спијат кај роднините, по околните подруми во куќите околу клиниките и автомобилите, додека нивните деца се борат за живот. Отсега, тие ќе имаат свој дом“, потенцираше министерот Филипче.

Покрај можностите за сместување, на родителите во „Родителската куќа“ ќе им биде овозможена и психолошка поддршка, која е најважна за нив во тие моменти.

Во родителската куќа изградени се четири апартмани во кои ќе има комплетно уредени бањи. Родителите кои ќе престојуваат во куќата ќе може да ги користат заедничките простории како кујна, трпезарија и дневна соба. За децата кои ќе престојуваат во оваа родителска куќа ќе има посебно опремена соба за едукација и разонода, како и библиотека. Престојот во куќата и појадокот ќе биде бесплатен, а во куќата ќе може да престојуваат само оние родители кои ќе добијат препорака од одделенските лекари и директорот на Детската клиника, каде се лекуваат децата.

За непречено функционирање на куќата, ќе се грижи Здружението САНО, а Министерството за здравство ја презема обврската околу комуналиите.

Спонзорирано: