9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Отежнато движењето на Ѓавато (видео)

Силното снежно невреме кое трае цел ден во Западниот дел на Македонија го отежнува сообраќајот на една од најкритичните точки во земјава кога има вакви временски услови, а тоа е патот Реден – Битола.

На патот Ресен – Битола во моментов има забрана за движење на тешки товарни возила.

Погледнете го видеото.

https://www.facebook.com/149032011830930/posts/2097916143609164/

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови наместа со остатоци од снег на коловозот. Врнежи на снег со променлив интензитет има на целата територија на Македонија.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: На патниот правец Велес – Штип, поради сообраќајна незгода сообраќајот се одвива забавено, во колона и забранет е сообраќај за тешки товарни возила.

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ : Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, планинските премини Ѓавато, Буково и Плетвар, Струга – граничен премин Ќафасан, како и на патниот праевец Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Спонзорирано: