11.8 C
Скопје
14. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Еве зошто здрави жени не можат да забременат

Според едно истражување направено во САД, жените кои работат тешка физичка работа имаат 15 проценти помалку шанси да забременат. Истражувањето е направено со 500 жени.

Во продолжение погледнете уште неколку од причините зошто жените не можат да забременат.

Телесна тежина

Партнери со зголемена телесна тежина потребно им е дури 59 проценти повеќе време за да добијат дете, одколку да се со нормална тежина

Стрес

Жени кои имаат зголемено ниво на алфа- амулаза во крвта, имаат двапати зголемен ризик од неплодност.

Интензитет на вежбање

Вежбањето е здраво, но на жените кои се обидуваат да затруднат им се препорачуваат вежби со среден или помал интензитет.

Премногу седење пред ТВ

Ова се однесува за делот од машката популација, зошто подолго седење од дваесет саати ја намалува концентрацијата на спермата.

Мобилни телефони

Носењето мобилни во џеб не влијае добро поради електромагнетното зрачење, кое кај мажите ја нарушува способноста да оплоди јајце клетка.

Пушење

Околу 13 проценти неплодност се поврзуваат со пушењето.

Премногу секс

За време на плодните денови се препорачува секс на секои два дена.

Премалку секс

Не би требало да го оставите сексот само за плодните денови, редовен секс е добар за репродуктивното здравје.