13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Казни за пијани возачи – останаа и без пари и без возачки

Полицијата деновиви спровела контрола на скопските улици, со цел санкционирање на возачи кои возеле под дејство на алкохол.

,,Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 133 возачи, a кај 17 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта. По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 17 мерки по горенаведениот прекршок, исклучени се 17 возачи од сообраќај, а откриени се и 26 останати прекршоци”, информира МВР.

Инаку согласно Законот возачите кои возат во алкохолизирана состојба над дозволените граници остануваат и без возачка дозвола на одреден временски период.

Спонзорирано: