14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Цената на станбените недвижнини во Британија со најголем пад од 2012

Цените на становите и куќите во Британија во декември минатата година паднале на месечно ниво по најголема стапка од средината на 2012 година, додека на годишно ниво пораснале со најбавното темпо во последните шест години, што е последица од неизвесноста ви пресрет на брегзит.

Цената на куќите паднала во декември за 0,7 проценти во однос на ноември, што е нивен најголем месечен пад од јули 2012 година, покажале податоците на хипотекарниот заемодавач „Nationwide“.

На годишно ниво цените на куќите во декември пораснале за само 0,5 отсто во споредба со 1,9 проценти раст во ноември. Двата податоци се послаби од тие што ги очекуваат аналитичарите во анкетата на Ројтерс.

Други анкети покажуваат дека побарувачката на купувачи нагло паднала пред крајот на минатата година, додека доверната на потрошувачите се влошила, рекол економистот Самуел Томс.

„Nationwide“ соопштил дека во 2019 година се очекува раст на цената со ниски едноцифрени стапки, но нејзината прогноза зависи од тоа дали економијата ќе продолжи со скромниот раст, што не е сосема сигурно бидејќи се ближи брегизт.

Спонзорирано: