11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Причини поради кои „кока-колата“ во стаклено шише има подобар вкус

Во една неодамнешна статија за MyRecipes, Кори Вилијамс наведува три главни причини зошто „кока-колата“ има подобар вкус кога се пие од стаклено шише, пишува BuzzFeed.

1. Пластичните шишиња и лименките побрзо ја губат карбонизацијата отколку стаклените шишиња

Карбонизацијата може да „избега” низ пластиката побрзо отколку низ стакло или алуминиум, и затоа пластичните шишиња се најлошиот избор за одржување на меурчињата во „кока-кола“.

2. Хемикалии кои се користат во пластични шишиња и во лименки ќе влијаат на вкусот на „кока-колата“

Но, како што пишува „Бизнис инсајдер“, „додека конзервите и пластичните шишиња содржат хемикалии кои веројатно не сакате да ги консумирате во големи количини, совршено се безбедни за да пиете од нив.”

3. Стаклото нема да го промени вкусот на „кока-кола“ како пластиката или алуминиумот

„Стаклените шишиња се прилично едноставни и не содржат други хемиски состојки освен стакло, така што во нив нема ништо што навистина може да го промени вкусот на „кока-колата“.