Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Финансиската полиција поднела кривични за штетa на буџетот од 49 милиони евра

Управата за финансиска полиција во текот 2018 година до надлежните јавни обвинителства поднела 74 кривични пријави против 68 правни лица и 163 физички лица со кои е нанесена штета на буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 3.018.354.504 денари или 48.919.846 ЕУР, напиша на личниот профил на „Фејсбук“, директорот на институцијата, Арафат Муареми.

Бројот на поднесени кривични пријави за 2018 година во однос на претходната година е зголемен за 51 процент, а во споредба со 2016 година бројот на поднесени кривични пријави е зголемен за 80 проценти.

„За злоупотреба на службена положба и овластување поднесени се 23 кривични пријави против 3 правни лица и 73 физички лица со кои е нанесена штета на буџетот на Република Македонија во износ од 2.762.907.968 денари“, пишува во објавата на директорот.

Муареми напиша дека за даночно затајување поднесени се 43 кривични пријави против 62 правни лица и 79 физички лица со кои е нанесена штета на буџетот во износ од 221.731.159 денари. За други кривични дела поднесени се 8 кривични пријави против 3 правни лица и 11 физички лица со кои е нанесена штета во износ од 33.715.377 денари.

Во тренд…