27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Страшна несреќа во Скопје: Автомобил удри во две деца

Автомобил удри во две малолетни деца во Скопје. Синоќа околу 20:00 часот во Скопје на улица „Македонска Косовска Бригада“ 36-годишниот С.С. од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Ланчиа“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешаците В.С.(27) и едногодишно дете од Скопје и 6 годишно дете од Косово.

На повредените медицинска помош им е укажана во Комплекс клиники „Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот. Полицијата работи на расчистување на случајот.