20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бројот на жртви од цунамито во Индонезија се искачи на 437 лица

Бројот на жртвите од цунамито што ја погоди Индонезија на 22 декември се искачи на 437 лица, соопштија властите и додадоа дека околу 14 000 луѓе, пак, се повредени.

Портпаролот на Националната агенција за помош при катастрофи, Сутопо Пурви Нугоро, на денешната прес-конференција објави дека 14 059 лица се повредени во цунамито и дека 3 .721 се раселени.

Како исчезнати, засега се водат само 16 лица, додаде тој.