13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин пристигна во Магниторск, 35 лица и натаму се водат за исчезнати

Рускиот претседател, Владимир Путин, пристигна во Магниторск, во јужен Урал, каде што денеска се случила експлозија на гас во станбена зграда.

Најмалку четири лица загинаа, а 35 лица се исчезнати, пренесуваат руските медиуми.

Путин ќе се состане со луѓето кои се погодени од несреќата и раководството на регионот Чељабинск.

Според првичните информации, главна причина за несреќата е експлозија на гас, која довела до уривање на влезот на зградата.

Во акцијата за спасување ангажирани се 469 луѓе.

Руската министерка за здравство, Вероника Скворцова, се упатила кон местото на несреќата по наредба на претседателот Путин.

Руските медиуми наведуваат дека во прашање е зграда од 10 ката и дека експлозијата одекнала околу 4 часот утрото по локално време. Во зградата живееле 110 луѓе во 48 станови.

Спонзорирано: