20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Возачот на Али Ахмети приведен во полициска станица?

Специјалната полициска единица „Алфа“ го привела возачот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, пренесува албанскиот портал „Алмакос“.

Засега не е познато зошто биле приведени, а заедно со уште една личност биле одведени на разговор во полициската станица Ѓорче Петров, каде биле задржани неколку часа, пишува порталот.

Инаку според полициск извештај од 26 декември се дознава дека 25.12.2018 година во 21,40 часот во Полициска станица Карпош е приведен Ш.И.(44) од село Зајас, кичевско, поради сомнение дека на патничкото моторно возило “Ауди” кое го управувал има регистарски ознаки од друго возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Случајот е објавен во извадокот од дневните настани на сајтот на МВР на 26.12.2018