25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Црн предновогодишен викенд во Македонија: Тројца убиени, двајца загинати во несреќа и повеќе повредени

Црн викенд во Македонија, за само 24 часа се случиле 3 убиства и еден трагичен пожар во кој загина младо момче, а повеќемина се повредени.

Низата трагедии започна кога во петокот младо момче изгоре во пожар во сервис за мопеди позади Рамстор. Момчето на возраст од 25 години било заглавено и изгорело во пожарот.

Во 12,50 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата „Јордан Мијалков“ во сервис за моторцикли „Тјунинг“, експлодирала плинска боца, при што во моментот на експлозијата, А.Ј.(27) и М.Б.(33) и двајцата од Скопје, кои работеле на сервис на мотор, се здобиле со телесни повреди.

Со телесни повреди се здобил и сопственикот на сервисот С.П. (38) од Скопје.

Вработениот М.С.(25) од Скопје бил пронајден починат, а смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош.

Потоа во Прилеп вчера се случи грозоморно убиство кога прилепчанец ја убил со нож партнерката пред очите на нејзиното десетгодишно детенце.

Од живот била лишена 33-годишна прилепчанка. Сторител е нејзиниот партнер со кого живеела во вонбрачна заедница. Осомничениот на возраст од 36 години со неколку убоди од нож во пределот на градниот кош ја усмртил сега починатата. Настанот се случил во присуство на десет годишното дете на жртвата.

Во Скопски Ѓорче Петров, се случи убиство, кога мртов маж беше пронајден до автомобил “пасат”.

Синоќа во Кичево беше убиен сопственик на ресторан во Кичево.

Според информациите на Centar.mk вчера во 17,20 часот телефонски во ПС-Кичево e пријавeно дека во угостителскиот објект „Гурман“ на ул.„Борис Кидрич“ e пронајден прободен со нож сопственикот на објектот М. С.(64) од Кичево.Смрт е кoнстатирана од Итна медицинска помош,.

На местото на настанот излегле полициски службеници и јавен обвинител.

Полицијата исто така информира дека во 18,50 часот било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, кај Дебрешки надвозник, се случила сообраќајна незгода во која автобус со гостиварски регистерски таблици управуван од 50-годишниот А.А. од селото Долна Бањица – гостиварско, удрил во пешак.

Се работи за 52-годишниот И.Д. од селото Форино-гостиварско, кој од повредите на местото на настанот починал на лице место.

БРОЈОТ НА УБИСТВА И ПОЧИНАТИ ОД НАСИЛНА СМРТ ДРАМАТИЧНО СЕ НАМАЛУВА ПОСЛЕДНИВЕ 2 ГОДИНИ ЗА РАЗЛИКА ОД ПРЕД ТОА

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на умрените лица од насилна смрт е намалена за 15.3 % во однос на претходната 2016-та година и изнесува 421 умрено лицe. Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2.1 %. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2017 година, како и во претходните години поголемо учество имаат машките лица, и тоа 75.1 %.

Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат „Несреќните случаи“, со 66.0 %, потоа
„Самоубиствата“, со 26.4 % и „Убиствата“ со 7.6 %.

Во категоријата „Несреќни случаи“, на прво место се умрените лица од „Други надворешни причини за случајна повреда“, со учество од 26.1 %.

Во категоријата „Самоубиства“, случаите кај кои смртта настапила поради „Бесење, странгулација и суфокација“ имаат најголемо учество со 15.7 %.

Во категоријата „Убиства“, доминантна причина за смрт е „Обид за нанесување телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје“, со учество од 2.4 % во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.