3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Тајна индиска напивка која го опоравува цел организам – еве рецепт

Оваа напивка за зајакнување на имунитетот и против болки во зглобовите се подготвува според стар индиски рецепт.

Познавачите на индиската култура знаат дека златната боја симболизира здравје и има моќ на исцелување. Поради тоа ви претставуваме рецепт за златно млеко.

Не само што е вкусна и што лесно се прави, оваа напивка е богата со хранливи материи кои во оваа комбинација имаат неверојатен ефект.

Златното млеко поволно делува на имунитетот, здравјето на зглобовите, ‘рбетот и коските, но има и позитивен ефект на сите витални органи.

Состојки: 1/4 шолја вода; 1/8 лажица куркума; 1 шолја козјо млеко; 2 лажици масло од бадеми; 1 лажица органски мед

Начин на подготовка:

Згответе ја водата и куркумата околу 6-8 минути, а потоа додајте млеко и масло од бадеми. Мешавината гответе ја додека не зоврие, а потоа тргнете ја од рингла. Почекајте малку да се излади, потоа додајте мед.

Се препорачува оваа златна напивка да се зема секое утро.

Спонзорирано: