18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Не е одобрена „Википедија“ на црногорски јазик

„Википедија“ на црногорски јазик, засега не може да биде воспоставена. Лингвистичкиот комитет на „Википедија“ даде негативно мислење и смета дека црногорскиот јазик, како српскиот, хрватскиот и босанскиот, припаѓа на гранката на српско-хрватски јазици, поради што оцени дека опцијата на „Википедија“ е разбирлива за сите четири народи, пренесе „РТЦГ“.

„Ние тоа го доживуваме како дискриминација“, изјави публицистот Слободан Јоановиќ кој е дел од тимот задолжен за воспоставување на „Википедија“ на црногорски јазик. Тој истакнува дека се работи за нефер однос.

Јовановиќ вели дека црногорскиот тим ќе се обрати директно до основачите на „Википедија“ со цврста аргументација, повикувајќи се на стандардите што оваа страна ги поставува.

Според него, од исклучителна важност е Црна Гора да биде вклучена во овој процес.