23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Минути се во прашање кога Сашо Мијалков ќе стигне дома

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков вечерва излегува од затворот во Шуто Оризари, каде беше во притвор како осмничен за случајот “Империја” на специјалното јавно обвинителство.

Судијката Весна Димишкова го прифатила предлогот за куќен притвор на СЈО.

Предлогот на Специјалното јавно обвинителство за определување куќен притвор на ексдиректорот на УБК, претходно денеска беше доставен до Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Кривичниот суд вчера го врати на доработка предлогот на СЈО на доуредување бидејќи истиот бил некомплетен. Со ова сите осомничени за случајот “Империја” се во куќен притвор

Во предметот „Империја“ истрагата опфати 13 лица. Првично притвор им беше определен на бизнисменот Јордан Камчев, неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, директорот на „Пелагонија“, Цветан Панделески, и директорот на фирмата „Ексико“, Тодор Мирчевски.

Спонзорирано: