16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија и Британија се договорија за враќање на дипломатите на почетокот од 2019

Русија и Велика Британија постигнаа договор за враќање на дел од вработените во амбасадите, откако годинава обострано беа протерани повеќе дипломати, објави руската амбасада во петокот.

Британското и руското министерство за надворешни работи не беа веднаш достапни за коментар.

„Постигнавме рамковен договор дека ќе започнеме да го враќаме дипломатскиот персонал во Москва и Лондон во јануари“, изјавил рускиот амбасадор во Лондон, Александар Јаковенко, во телевизиско интервју.

„Не сум сигурен дека ова враќање ќе се случи за сите вработени, но барем половина од нив ќе бидат вратени“, додаде тој.

Портпаролот на амбасадата ги потврди наводите.

Велика Британија протера 23 руски дипломати со обвинување дека Кремљ стои зад нападот со нервен гас врз поранешниот двоен агент, Сергеј Скипал и неговата ќерка во Солсбери во март годинава.

Русија, отфрлајќи ги наводите за труење, одговори реципрочно со протерување на еднаков број британски дипломати.

Спонзорирано: