7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Нема да има зголемување на платите на вицепремиерите

Од Владата попладнево деманитираат дека замениците на Заев ќе добијат зголемување на платите.

Реакцијата следува откако беше објавена информацијата дека до Собранието е доставен предлог-закон врз чија основа 5-мина вицепрмеиери, Хазби Лика, Кочо Анѓушев, Бујар Османи, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, ќе добиваат месечна плата повисока за 8.027 денари.

Од Владата појаснуваат дека со измените во Законот за плата и другите надоместоци на избраните и именуваните лица, се врши само терминолошко усогласување на Законот со Законот за Влада на РМ.

„Со Законот за Влада е предвидено претседателот на Владата од редот на министри да именува заменици кои го заменуваат во негово отсуство. Нивната плата треба да се утврдува со коефициенти утврдени со Законот за плата и другите надоместоци на избраните и именуваните лица. Во изминатиот период Законот за плата во однос на називот на функциите не е усогласен со Законот за Влада, поради што Уставниот суд ја укина одредбата на Законот за плата во делот на потпретседател, затоа што не е усогласен со Законот за Влада. Во вакви услови се создаде пречка за пресметка и исплата на платата на замениците на претседателот. Со измени на Законот за плата се изврши терминолошко усогласување поради Одлуката на Уставен суд, поради што платите на заменик на претседател не се зголемуваат туку наместо да се исплатуваат како на останатите министри, истите ќе се исплаќаат со ист коефициент пред да Уставниот суд ја укине одредбата“, се наведува во објаснувањето на владината прес-служба.

Спонзорирано: