23.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Заев: Праведното оданочување ги носи парите во социјалата

Премиерот Зоран Заев кој одговараше на пратенички прашања на собраниска седница го објасни и значењето на законите за ПИОМ и на економските закони, за коишто целта е да стапат на сила од 1 јануари.

„Законот за ПИОМ има импакт од 1 јануари, овозможува стабилизирање на дефицитот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, рече премиерот Заев“, додавајки дека кон тоа ќе придонесе и очекуваното зголемување на бројот на вработени.

Премиерот Заев посочи дека импактот од правичното оданочување треба да се гледа од агол на тоа што се добива, „грубата бројка е 25 милиони евра, додадовме 12 и станаа 37 милиони евра, што ќе ги вратиме на социјалата“ .Тука премиерот Заев го посочи драстичното зголемување на бројката корисници на детски додаток, како и на корисниците на социјална помош.

,,Тоа е и зголемување на потрошувачката, а воведува социјална праведност, објаснивме, фирмите се запознаени, посочивме на сериозноста, убаво ќе биде од 1 јануари да влезат во сила, станува збор за даноци и придонеси, веруваме дека ќе бидат подготвени и фирмите и граѓаните”, рече меѓу другото премиерот Заев, на седницата за пратенички прашања во Собранието на Република Македонија.