11.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција со предупредување до земјите од Балканот: Борете се против ФЕТО

Портпаролот на претседателот на Турција упати предупредување до балканските земји поради можен ризик за безбедносни закани од страна на терористичката организација на Фетула – ФЕТО.

Во своето обраќање по повод обележувањето на образованието на турски јазик во Скопје, Ибраим Калин изјави дека сите пријатели и сојузници на Турција мора да бидат претпазливи во врска со ФЕТО и да преземат мерки пред да биде доцна.

„Ги повикуваме сите земји што се наши пријатели и сојузници, особено на Балканот, да соработуваат со Турција против ФЕТО“, нагласи Калин.

Калин вели дека ФЕТО се крие зад невини зборови како „образование“, „служба“ или „дијалог“, а всушност групата може да е инволвирана во каков било вид предавство или убиство.

Поради тоа, тој ги предупредува балканските земји да застанат цврсто против ФЕТО и да се борат за своите државни интереси.

Групата ФЕТО и нејзиниот лидер Фетула Ѓулен стојат зад неуспешниот пуч во Турција што се случи на 15 јули 2016. Во нападите загинаа 251 лице, а 2.200 беа повредени.

Анкара тврди дека ФЕТО исто така стои зад долгогодишната кампања со која групата сака да ја урниса државата преку инфилтрирање во институциите, особено војската, полицијата и судството на Турција.

ФЕТО е организација многу присутна надвор од границите на Турција и особено е позната по тоа што управува со приватни училишта преку кои се влеваат средства со кои се финансираат терористички активности.

Училиштата управувани од страна на ФЕТО се справуваа и со правни прашања поради финансиски проблеми, злоупотреба на јавни средства, како и злоупотреба на имиграцискиот процес.