14.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Двајца мртви, 11 повредени во експлозија во Ирак

Најмалку две лица загинаа, а 11-мина беа повредени во експлозија на автомобил бомба во вторникот во северната провинција Ниневех во Ирак, соопшти Министерството за одбрана на земјата.

Бомбата експлодира во градот Тал Афар, 60 километри западно од главниот град Мосул, се вели во соопштението на Министерството.

Засега ниедна група не презела одговорност за нападот.

Честопати за ваквите напади властите на Ирак ја обвинуваат терористичката група Даеш.

Минатата година властите на Ирак објавија дека военото присуство на Даеш во Ирак е неутрализирано по тригодишен конфликт со војската во коалиција со САД.

Сепак, вооружените сили на Ирак продолжуваат со честите операции со цел комплетно да го елиминираат присуството на групата.