20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бројот на жители во Јапонија најнизок досега

Според најновите статистички податоци на јапонската влада, во 2018 година е забележан најголемиот пад на бројот на населението во земјата, како и најниската стапка на наталитет.

Изминатава година во Јапонија се родиле 921 000 бебиња, односно најмалку од 1899 година наваму, покажува извештајот објавен од јапонското Министерство за здравство, труд и благосостојба.

Се проценува дека бројот на новороденчиња опаднал за 25 000 од 2017 година.

Стапката на смртност исто така достигна повоено рекордно ниво. Во 2018 година во земјата починале 1,369 милиони луѓе, а бројот на населението опаднал за 448 000 жители.

Јапонија е земја со над 20 отсто стара популација. Земјата има 124 милиони жители, но оваа бројка се очекува да падне на 88 милиони до 2065 година.