17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Tрамп: Блокадата на владата ќе трае сè додека не се исполни моето барање

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека привремената блокада на владата ќе трае сè додека не добие финансиски средства за изградба на ѕид на границата со Мексико.

„Не можам да ви кажам кога ќе се деблокира владата“, рекол Трамп по снимањето божикна видеопорака за американските војници во странство.

„Можам да ви кажам дека тоа нема да се случи додека не се изгради ѕид, ограда, како сакате наречете го. Ќе го наречам како сакаат тие, но ќе значи исто. Тоа е пречка за луѓето што влегуваат во земјата“, рекол Трамп.

Финансирањето една четвртина од владините програми, вклучително и Министерството за внатрешни работи, правосудството и земјоделството, истече во петокот на полноќ. Нема да биде обновен без постигнување договор.

Изградбата на ѕид на границата со Мексико е најчестто повторуваното предизборно ветување на Трамп, на кое демократите остро се противат.

Спонзорирано: