7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
МАКЕДОНИЈАСВЕТ

Потпишан договор за набавка на 14.000 комплети воено-теренска униформа за припадниците на АРМ

Министерството за одбрана склучи договор за набавка на 14.000 комплети воено-теренска униформа за потребите на припадниците на Армијата на Република Македонија, што е прва набавка на два комплета униформи за секој припадник на АРМ досега.

„Сумата на договорот, потпишан со штипската компанија ‘Дона-М’, преку јавна и транспарентна постапка за јавна набавка, на која ѝ претходеше и технички дијалог со заинтересираните компании, е во висина од 54,5 милиони денари со пресметан ДДВ, а вкупната количина комплети на воено-теренската униформа треба да биде испорачана до крајот на март в година“, информираат од Министерството за одбрана.

Оттаму додаваат дека последен пат 5.000 униформи за припадниците на Армијата биле набавени во 2013 година и уште 1.100 униформи во 2017 година.

„Договорот склучен овој месец за 14.000 комплети воено-теренска униформа првпат ќе ги обезбеди припадниците на АРМ со два комплета униформи.

На почетокот на октомври министерката информира дека е потпишан и договор за набавка на 7.200 чифта чизми за припадниците на АРМ, од кои 4.350 се веќе испорачани, а остатокот се очекува да биде испорачан идната недела. Кога ќе биде извршена контрола на квалитетот, но и евентуални лабораториски испитувања во акредитирана лабораторија, чизмите ќе бидат дистрибуирани до војниците.

Последен пат војнички чизми за припадниците на Армијата биле набавени во 2012 и 2013 година, но и тогаш во недоволен број за сите припадници на АРМ.

Спонзорирано: