10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ќе се усогласуваат решенијата за заштитните мерки за челикот со ЕУ

На денешната 112-та седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за најавата од Европската Унија за воведување конечни заштитни мерки за челични производи и го задолжи Секретаријатот за европски прашања, во координација со Министерството за економија, Министерството за надворешни работи, Министерството за финансии, Царинската управа и Кабинетот на ЗПВРМ за економски прашања, да го подготви барањето за консултации со Европската комисија и да го достави до Постојаната мисија на Република Македонија во Женева, најдоцна до задутре.

Исто така, го задолжи и да се организира средба со засегнатите компании од антидампинг-постапката за челични производи отворена од страна на ЕУ, најдоцна до 20 јануари 2019 година, за усогласување решенија од воведувањето на заштитните мерки.

Спонзорирано: