5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Први вестиМАКЕДОНИЈА

Драма во Кочани: Три жени се степале за еден маж

Жестока тепачка меѓу три жени настанала синоќа во Кочани, а причината за тепачката е маж на возраст од околу 40-тина години кој е главниот актер во љубовентриаголник, објави ТВ Стар. Тој бил во љубовна врска со жена на свои години, а истовремено и со млада кочанка на возраст од 25.

Извесен период тој успешно ја контролирал ситуацијата, се додека старстите не зовреле, па младата љубовница, заедно со уште една своја другарка, својата конкуренција не ја нападнале на сред улица.

Како што информираат од телевизијата, започнале со навреди и кавга, а завршиле со клоцање, кубење и гребење. Жестоката пресметка се одвивала пред очите на љубовникот, кој дури и во овој случај не одбрал страна.

Случајот е потврден и од полиција.

„На 23. 12.2018 година, во 19:45 часот во ПС Кочани, В.М. 48 од Кочани, пријавила дека на ул Охридска по претходна вербална расправија настанала физичка пресметка меѓу пријавителката М.Л (44) од Кочани од една и И.П 25 од Пеклани, виничко и А.М. 20 год. од Кочани, од друга страна. По комплетирање на настанот, против учесниците ќе бидат поднесени соодветни пријави“, информираат од МВР.,