14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација/pixabay
СВЕТ

Расте бројот загинати во Индонезија, опасност од ново цунами

Властите ги предупредија жителите кои се наоѓаат во близина на вулканот Анак Кракату да бидат подалеку од плажите поради опасност од ново цунами.

Во цунамито што во саботата ја погоди Индонезија загинаа над 280 луѓе, а повеќе од 1 000 се повредени, соопшти Агенцијата за вонредни ситуации.

Цунамито беше предизвикано од ерупција на вулканскиот остров Анак Кракату, а исто така придонеле и џиновските бранови кои буквално покрија цели региони.

Најтешко погодена е областа Пандегланг на островот Јава, која меѓудругото го опфаќа и националниот парк Ујунг Кулон и бројни популарни плажи.