12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Поради лошите временски услови откажани голем број летови во Русија

Најмалку 36 летови досега беа одложени, а најмалку осум се целосно откажани на московските аеродроми „Внуково”, „Домодедово” и „Шереметјево” поради лошите временски услови.

На Внуково, седум летови се одложени, а еден е откажан, пренесуваа тамошните медиуми.

Хидрометеоролошкиот центар на Русија соопшти дека во рускиот главен град денеска се очекува да има температура од четири степени под нулата, а во московскиот регион и до минус седум степени.

Метеоролозите исто така издадоа и предупредување за снежни врнежи, силни ветрови и мраз.