12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

МНР Русија: САД со антируска реторика го правдаат мешањето во политиката на Македонија

САД се обидуваат да се мешаат во внатрешните работи на Македонија и во нејзиното влегување во НАТО, и тоа го оправдуваат со изјавите за наводни обиди на Русија да го попречат пристапувањето на оваа Балканска земја во Северноатлантската алијанса, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

„Користејќи неоснована антируска реторика, Вашингтон се обидува да го оправда своето отворено мешање во внатрешните работи на Македонија, да го легитимизира дефектниот Преспански договор со Грција за спорот со името и повлекуваат уште една балканска земја во НАТО против волјата на нејзините граѓани, како што се случи со Црна Гора 2017 година” се вели во соопштението, пренесува ТАСС.