14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Прилеп

За Зоран Заев, нити честитоста, нити искреноста, нити чесноста се карактерни особини, тоа е обичен аболиран политичар кој што има единствена цел колку повеќе да стрпа во сопствениот џеб, да украде од граѓаните на Република Македонија и во еден момент рака под рака со семејството и групата негови соработници како во мафијашките филмови конселиера да избега од државата, но ќе дојде денот кога ќе го платите цехот во првите шест месеци од мандатот од новата влада ќе се позанимаваме за сите овие злодела што и ги направивте на Република Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на протестот во Прилеп.

„Денеска е еден од многуте маршови кои што ќе ги правиме ширум Македонија. Ми велат кога ќе почнете да нудите само критикувате, ќе критикуваме се додека не ги претставиме пред јавноста не ги обелодениме сите лаги и сите нереализирани ветувања и неисполнети очекувања за да народот за да граѓаните во република Македонија кажат доста е на Зоран Заев и оваа група на лажливи политичари да не се случат повторно во Република Македонија и на политичката сцена во Република Македонија нас ни требаат искрени честити и чесни политичари кои што ќе работат петпати повеќе од Зоран Заев. Кои нема да бараат оправдувања во минатото кои што ќе се борат да обезбедат подобар живот за граѓаните кои што имаат методологија за тоа. Кои што можат и емпириски да ја докажат таа своја цел. Македонија технолошки тигар на Балканот. Тоа е нашата визија тоа е мојот сон за мојата татковина ни повеќе ни помалку“, рече Мицкоски.

Тој рече дека СДСМ и Заев го понижиле македонскиот народ одземајќи му ја гордоста, а сега сакаат ѝ економски да го осиромашат.

„Е тоа овој народ, Зоран Заев нема да ти го дозволи. И прво ќе те победиме на претседателските а потоа и на предвремените парламентарни избори. А потоа ќе одговараш ти и твоите соработници. Тука сме и ќе продолжиме да бидеме низ плоштадите на улиците на булеварите на Република Македонија горда пркосна и непокорна Република Македонија“, рече Мицкоски.

Тој ги повтори шесте барања на ВМРО-ДПМНЕ – оставки на Оливер Спасовски и Никола Димитров, повлекување на одлуката за зголемени даноци, формирање веднаш комисија која што детално ќе го анализира преслуша и систематизира снимените телефонски разговори на обвинители и судии, спроведување на гасификацијата и барање до власта да ја почитува, како што рече, волјата на граѓаните изразена на референдумот на 30 септември.

Спонзорирано: