16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Дедо Мраз слета со воен хеликоптер во Петровец

Транспортен хеликоптер МИ-8/18, од воздухопловната бригада на Армијата на Република Македонија пред преполната платформа на воениот дел од меѓународниот аеродром „Скопје“, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, традиционално и оваа година го донесе Дедо Мраз.

Тој подели повеќе од 500 новогодишни пакетчиња на деца од загинатите припадници на воздухопловната бригада, како и на вработени во оваа бригада и останатите команди и единици на АРМ и Министерството за одбрана.

Оваа традиционална предновогодишна манифестација во организација на припадниците на воздухопловната бригада годинава беше збогатена и со настап на денс студио „Мак“ од Куманово и кулурно уметничкото друштво „Гоцде Марковски“ од Скопје.

Спонзорирано: